Мис на Евроазија 2022. Уште една титула за македонската убавина

Анастасија Божинова, 18. годишната неготинчанка ја освои титулата Втора придружничка на изборот за Мис на Евроазија 2022, кој вчеравечер се одржа во прекрасниот хотел Титаник Мардан Палас во Анталија, Турција.
Во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија победи претставничката на Бугарија, а титулата Прва придружничка ја освои Мис Казахстан.


Преубавата Анастасија е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина, кој оваа година се одржа по 17-ти пат. Таа на финалето се претстави во креација на Елена Лука, специјално изработена за оваа прилика.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!