Митрик и Самарџиски ја најавуваат втората сезона на аудио-серијалот „ROOMANIA“

Промотерската асоцијација „Room 313“, која промовира модерна електронска музика, е една од ретките која го прифати новиот предизвик и продолжи да работи на своите цели. Новиот проект на кој работат го именуваа “Roomania” и е серијал на аудио подкасти, диџеј миксови, во кој низ музичко-тематски сезони селектираа и промовираа соодветно избрани артисти.
„Со нашиот микс ја затвораме првата сезона која ја нарековме „Пештера од раце“ или „Cave of hands”, во која самиот дизајн и естетика симболизираат временска оддалеченост од живите клупски настани каде физичката блискост на диско подиумот и дигнатите раце беа синоним за добра забава. Во „Roomania”, презентираме еден специфичен електронски звук, едноставен, а сепак комплициран по својата едноставност, кој извира од романската модерна електронска сцена и доби големо признание последните години. Со секој од артистите правиме посебно интервју преку кое ги доближуваме читателите до музиката на артистот и општо до културата која ја презентираме“ – велат Митрик и Самарџиски. Музиката која ја прикачуваме на нашиот Soundcloud профил е бесплатна, со тоа правиме социјален импакт. Секој, колку сака и кога сака може да ги преслушува нашите изданија и да ги споделува на социјалните платформи. Во ова време на предизвици, секој заслужува да има малку простор за забава, (додека сите клубови се затворени) во своите домови и на места кои што се достапни, каде може да се слуша ново издаден квалитетен музички звук, дополнуваат на крајот.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!