Гала настанот „Осветлено“ што во петокот се случи во Националната опера и балетот го одбележа изминатиот декемвриски викенд. Ивентот го организираше Амбасадата на Холандија а реализацијата кулминираше со соработката на холандската хај – тек модна дизајнерка Аноук Випрех и студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека (Технолошко-металуршки факултет), под менторство на нашата Лидија Георгиева, модната дизајнерка и професорка.
Креациите на „роботските фустани“ што ја опишуваат современата технологија во модниот дизајн, светлината секаде па и во сензорите вградени во дизајнот, естетиката со дефинирана граница, блеснаа на модните музи што предизвика вистинска магична атмосвера во МОБ.
Благодарение на технологијата преточена во модата ги препознавме осветлените емоции што резултираа со експлозија од аплаузи на присутните.
Дизајните изработени од студентите ќе бидат изложени во просториите на Млади хаб од денес, понеделник (12 декември).
Вања Тодоровска