Модните агенции ширум светот секогаш се во потрага по нови лица за да можат да ги засилат своите редови со нови модели за предстојните сезони. Така и реномираната модна агенција од Скопје, Моделс ИН Менаџмент, реши да направи кастинг на кој ќе може да се пријават новите модели. Сите млади девојки и момчиња можат да се појават на кастингот кој ќе се одржи во сабота (02.10.21), во Јавна соба, со почеток во 14 часот. Едноставно облечени, без никакви формални кодекси на облекување, сите идни модели треба да бидат едноставни и насмеани тоа е доволно за прв впечаток.
Моделс ИН како агенција работи веќе 21 година и ја задржа нејзината примарна цел да пласира модели во светскиот моделинг. Како матична агенција стои зад веќе докажани имиња како Елена Реи, Ивана Манас, Павле Николовски, Андреј Пајмаковски, Ана Калачоска, Јована Нешова, Сандра Цветкова, Христијан Стојаноски и многу други модели кои припаѓаат на интернационалниот моделинг…Сопствениците и менаџери на оваа модна агенција Надица и Алек ветуваат дека ќе ги откријат новите топ модели.