Музејот на современата уметност во Скопје, за првпат во историјата е домаќин на Музејот на современа уметност „МОМус“ од Солун, соседна Република Грција.
На 27 септември (петок) со почеток во 20 часот, ќе биде отворена голема постановка со наслов „Дали сум јас тоа име или таа слика?“ (Am I That Name or That Image?). Ова е прво претставување на солунскиот Музеј на современа уметност пред македонската публика со дела од нивната колекција.
Колаборацијата меѓу двата музеи не претставува само културна размена, туку ја степенува важноста и за поширока билатерална соработка меѓу Македонија и Грција и е од огромно значење за двете земји.
Во МСУ ќе бидат изложени дела од 16 автори меѓу кои: Fillipo Berta, James Bridle, Fenia Kotsopoulou, Kuriaki Goni, Vladan Jeremic и Rena Radle, Majida Khttari, Marianna Ignataki, Oleg Mavrommati и Boryana Rossa, Virginia Mastrogiannaki, Eleni Mylonas, Natasha Papadopoulou, Marilou Poncin, Vivy Tsioga, Ira Valdron, Evangelia Basdekis, Alexandros Plomaritis…
Паралелно со главната програма на 28 септември предвидена е серија перформанси на уметниците Tomas Diafas, Alexandros Plomaritis и колективот I Broke the Vase – Eva Matsigkou i Nefeli Sani.
Во Скопје пристигнуваат: кураторката на изложбата Сираго Цијара, нејзините асистенти Домна Гунари и Ерини Папаконстантину. Понатаму, член и претседател на Управниот одбор на музејот, Андреас Такис и директорката на MOMus, Мариа Цацаноглу. Покрај кураторскиот тим пристигнуваат и дел од уметниците како: Alexandros Plomaritis, Tomas Diafas, Eva Matsigkou, Nefeli Sani, Rena Radle и Vivy Tsioga.
„Оваа културна размена е од историска важност за Македонија и Грција. Уметноста отсекогаш умеела да ги „скрши“ границите. Возбудени сме што со музејот во Солун успеавме да воспоставиме блиски врски и што со заднички сили можеме да продуцираме значајни проекти. Живееме во регион кој претрпе и продолжува да страда од последиците на национализмот и транзицијата, од бурните социо – политички промени. Соработките нè зближуваат, а изнаоѓањето заеднички решенија и доаѓање до нови и ефективни модели на соработка, се рефлектира и во програмските активности на двата музеи, и во можноста за нови идни институционални билатерални соработки“, истакна директорката на МСУ во Скопје, Мира Гаќина.
Коментарите се затворени