0.8 C
Skopje
недела, февруари 9, 2025
spot_img

Музичка соработка помеѓу „Охрид фест“ и „Фестивал на Далматинска шансона“

„Фестивал Далматинске шансоне“ што традиционално се одржува во Шибеник, родниот град на најголемиот хрватски шансониер- Арсен Дедиќ, и нашиот „Охрид фест“, препознаени по автентичниот звук, започнуваат соработка.
Како што не информира Горан Шарац, директорот на Интернационалната вечер на „Охрид фест“, што ќе се случува на Долни Сарај на 11 септември, меѓу учесниците ќе биде и еден од наградените пејачи од фестивалот во Шибеник.
-Соработката се случува на задоволство на двата фестивала, вели Шарац. – Во Охрид ќе се чуе далматинската шансона, а таму во Шибеник, победникот од нашиот фестивал ќе настапи на сцената на фестивалот на Далматински шансони, што наскоро ќе го има 23-тото издание.

Патем, можете ли да претпоставите што се случува кога ќе се спои морето и езерото- најубавите ноти и стихови што за база ја имаат лириката на водата. Токму тоа ќе се случува на релацијата Охрид- Шибеник.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена