Мусака со зелка
Потребно е: 250 г јунешко месо, 250 г свинско месо, кромид, 100 г сланина, 1 главица кисела зелка, 100 г ориз, малку доматно пире, лавров лист, филџан млеко, јајце, масло сол и црн пипер.
Во тавче на жежок оган го пржиме кромидот и сечканата сланина се` додека не омекнат. Потоа додаваме ситно сечкано месо и продолжуваме да пржиме. Следниот чекор е ориз, го ставаме и лавровиот лист и доматното пире. На дното на огноотпорен сад првин ја редиме варената зелка, сечкана на резанки, одозгора месото и оризот и повторно ставаме зелка. Сипаме вода и потоа садот го ставаме во релна да се пече два часа. На крај ги ставаме изматените јајца и млекото да се допече уште 15 минути.
фото- dueamicheincucina.it