Во живописниот Супетар на хрватскиот остров Брач, заврши 16-а по ред меѓународна кулинарска манифестација „Бисер мора“ („PEARL OF THE SEA“) што традиционално го организира здружението „ШКМЕР“.
„Гастромак“ и одтаму се врати со награди: еден сребрен и три бронзени медали за Милка Атанасова и Анита Самарџиоска, кои се натпреваруваа во категории модерна кујна и рижото.
На „Бисер мора“ земаа учество средните училишта од регионот, а жирирањето беше во рацете на готвачката елита, меѓу кои беше и Стево Карапанџа. Станува збор за неколкудневно празнување и величање на храната во најразновидни форми и облици а секако, главен збор го имаше медитеранската кујна.
Патем, натпреварот е прв во регионот, што го прекина гастрономскиот молк предизвикан од пандемијата, па затоа наградите од „Гастромак“ се уште повредни.
В.Т.