5.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

Наскоро „Голден Карпет“ на Канал 5 со Миро Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ

Во првата половина од месец април ќе започне „Голден Карпет“, нова емисија на Канал 5, што ќе ги третира настаните од домашната и светската музичка сцена. Освен најпознатите музички имиња, во овој тв- формат ќе гостуваат и популарните политичари, спортисти и актери што ќе ги запознаете од друг агол.
Водителски тандем на проектот ќе бидат Миро Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ, добро познати телевизиски имиња кои после долги години работа на други проекти конечно ќе ги здружат силите и ќе бидат вашите домаќини во „Голден Карпет“.
– Во моментов за жал живееме во еден хаос, пандемијата со коронавирус си го зема својот данок, се е на стенд бај, па така и социјализацијата и позитивната енергија, но ние преку овој проект ќе се потрудиме истата да ја вратиме во вашите домови затоа што и тоа како ни е потребна на сите- вели Миро кој повеќе од седум години беше дел од тимот на „Бекстејџ“. – Ветуваме дека ќе имаме само теми од забавен карактер и тврдам дека истите ќе го задржат вашето внимание“.
Ведрана Ѓорѓевиќ, која јавноста ја запозна преку форматот „Тротоар“ после после подолга медиумска илегала повторно се враќа пред ТВ – екраните
– Со Миро правиме одлична приказна, целта е да внесеме малце сонце во ова сивило и да излеземе од секојдневното заточеништво. Кога ми се јави Миро да правиме нешто заеднички знаев дека е вистинско време да се вратам на ТВ после 5 години, сите коцки природно се поклопија и универзумот се согласи. Очекувајте само позитива и многу интересна содржина. Животот е прекрасен, па зошто да не го живееме така- ни рече шармантната Ведрана.

Фото: Бојан Стоилковски
Мејк ап: Зоран Шурбевски
Стајлинг – Елена Лука и Сињори

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена