5.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

Настан во чест на виното и убавините. Чиста петка за „Винодонија 2021“

Неодамна, како што најавија организаторите – „… со намален капацитет, но со иста доза на ентузијазам и среќа“, се случи петтото издание на престижниот Вински салон во Македонија, Винодонија 2021. Тоа во бројки изгледа вака: за двата дена винскиот салон го посетија 1027 вински љубители кои дегустираа околу 400 вина од 42 македонски и странски винарии.
Виното се поврзува со убавини и дава свечена нота, па настанот го опишувам како чист хедонизам: на едно место, поточно во хотелот Лимак беа собрани убави луѓе кои уживаа во виното, добриот џез со квартетот на Трајче Велков и во врвните гастрономски производи. Кога сето тоа ненаметливо и умно ќе се спои, комплиментите не се штедат.

Да не се почувствува вкусот на виното е исто како да не се гледаат боите, во виното е вистината, со него се лекува срцето, се ројат мислите… Поведени од таа максима гостите за момент што значи- вечност беа опуштени во елегантна атмосфера каде дегустира најразновидни вина и после толку време се дружеа „на дистанца“. Притоа, се добиваа информации од луѓето вклучени во производството на оваа божествена напивка, со што се постигна целта поврзана со подобрување на винската култура во контекстот на нашата традиција и култура.
Патем, виното и жените се најопеаните работи на светот а поетите сите консументи ги сместуваат во вечност.

Јубилејот на Винодонија беше чиста петка а социјалните мрежи, во фаќање селфи моменти ги овековечуваа прекраснотиите кои создадоа желба со големо нетрпение да го очекуваме следното издание на овој вински салон.
Догледање на Винодонија 2022!

Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена