Најдоброто за крај: Валерон ќе ја спушти завесата на Intermezzo Music Rituals

И се вели „најдоброто за крај“! А за крај на Intermezzo Music Rituals следува најдоброто од Миконос – една од најдолготрајните и секогаш присутни фигури на музичката сцена во соседството – ВАЛЕРОН!
Името на Валерон е на врвот кога е во прашање електронската и дип хаус музиката, два музички правци кои го носат на врвот и преку музичките албуми и преку издавачката куќа Bercana Music, што ја основа заедно со својот голем пријател и соработник Lannka, а кого веќе го видовме и слушнавме во рамки на Intermezzo Music Rituals.
Албумите на Валерон, водечкиот диџеј во регионов, носат уникатна комбинација на традиционални грчки инструменти и електронски битови.
Секоја сабота во „Скорпиос“ (Миконос) Валерон е домаќин на „Scorpios World“ каде настапува рамо до рамо со грчки музичари на разно-разни инструменти како кларинет, кавал, бузуки и сл. Валерон е на врвот благодарение на своите уникатни траки, но и ремиксите – затоа петочната забава е нешто што не се пропушта.
Роден на Крф, Илиас Валарис ака диџеј Валерон кариерата ја почнува токму таму, на еден од најфотографираните острови. Од 2006 сè до денес тој е резидент диџеј во Каво Парадизо, најпознатиот клуб на Миконос, и во својата кариера настапува рамо до рамо со најголемите имиња на глобалната денс сцена: Армин Ван Бјурен, Хернан Катанео, Дип Диш, Дејвид Моралес…
Петочната журка со Валерон стартува во 17 часот, а дел од неа ќе бидат и Лефонк – Антена 5, Боби – Сити радио и КонстантинВ. Веќе во сабота, уникатниот фестивал Intermezzo Music Rituals во чии рамки ги видовме и слушнавме Chris IDH, Derun, Elfenberg и Lannka ќе биде заокружен со настапот на Никос Диамантопулус.
Во име на тимот на кафулето Интермецо, ви благодарам за одличната соработка и се гледаме на Intermezzo Music Rituals.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени