Најлесен начин да ставите вештачки трепки

1. Свиткајте ги природните трепки со виткач за трепки а ако сакате лентата која ги држи трепките да е неприметна, тогаш на очниот капак до линијата на природните трепки, нанесете ајлајнер. Препорака: пред да ги аплицирате вештачките трепки, пожелно е да нанесете еден слој на маскара.
2. Погрижете се ширината на трепките да се совпаѓа со ширината на вашето око. Доколку има потреба, со ножички скратете ги од страните.
3. Со помош на стапче или чепкалка, нанесете од лепилото по работ на лентата која ја држи трепката (ставете повеќе лепило на краевите). Почекајте 20 секунди, лепилото малку да се згусне. Позиционирајте ги трепките на очниот капак со пинцета или прсти колку што е можно поблиску до сопствените трепки. Најпрво поставете ги на средина на окото, продолжете кон краевите нежно притискајќи ги трепките на очниот капак. Надворешните краеви на трепката притиснете ги со два прста и задржете неколку секунди, за да бидете сигурни дека добро се залепиле. Кога ќе се исуши, лепилото станува проѕирно.
4. Ако се познава лепилото, поправете ја линијата со ајлајнер.
5. Доколку сакате природен изглед, не нанесувајте маскара (пред да ги ставите трепките). Но, ако сакате подобро да се спојат со вашите природни трепки, нанесете еден слој маскара, а притоа, за секој случај, лесно придржете ги вештачките трепки.

Фото-Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени