Конечно нова Винодонија, и тоа јубилејна!
Мини јубилеј на скопскиот вински салон ќе се одржи по периодoт на сивило, со една единствена цел, барем за кратко да избегаме од реалноста и да го прославиме виното со надеж за подобри денови.
Петтото издание на единствениот и престижен вински салон во Македонија ќе се одржи на 19-ти и 20-ти nоември (петок и сабота) во Хотел Лимак Скопје со намален капацитет, но со иста доза на ентузијазам и среќа.
Елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој што го подигна нивото на винската култура во изминатите години и овој пат ќе ви ги претстави винските ѕвезди од Македонија и регионот.
Картите за Скопски вински салон – Винодонија 2021 ќе бидат во ограничен број, па препорачуваме да си ги набавите однапред, а еден мал дел ќе може да се купат и на самиот влез, пред почетокот на настанот по цена од 500 денари, по лице, за секој ден посебно. Во рамките на салонот ќе бидат одржани неколку работилници, стручни предавања за виното и мастер класови со реномирани домашни но и странски предавачи и професори.
Настанот ќе биде организиран со спроведување на сите епидемиолошки мерки препорачани од Комисијата за заразни болести и влез ќе биде дозволен само на лица со сертификат за ковид-19 вакцинација или негативен ПЦР тест.
Дојдете на Винодонија и споделете ја Вашата винска страст!
Фото: Винодонија, pixabay