5.8 C
Skopje
вторник, февруари 18, 2025
spot_img

На 29 мај, голем концерт на Масимо на Стадионот на АРМ

Само еден ден после концертот на Deep Purple, Авалон продукција продолжува да не радува: на 29-ти мај на стадионот на АРМ во Скопје настапува харизматичниот Масимо Савиќ

Авалон се решија за вечер на отворено, овој пат за „Голем круг на големи луѓе“ со еден од најдобрите европски вокали во моментов, кој е светски, а наш- MASSIMO.
После неколку пати по ред распродадени: Универзални сали, МОБ, Македонска филхармонија, време е за голем open air на Massimo во Скопје.
Сет листата ќе биде полна со хитови од целата негова кариера од Dorian Gray и Сјај у тами, па се` до последниот хит „Мали круг великих људи“, кој се закити со наградата „Порин“ во категоријата „Песна на годината“ за 2021 година.
Влезниците се веќе во продажба низ продажните места во мрежата на Авалон и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 900 денари
ФАН ПИТ: 1.200 денари
ВИП: 1.500 денари
Се гледаме на 29-ти мај!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена