Нешто поинакво. Теа Трајковска пее за „Сенки“

И покрај пандемијата со коронавирусот, дел од македонската естрада твори и во вакви услови. Една од нив е Теа Трајковска, која последниве неколку месеци работеше на својот најнов проект.
Преку социјалните мрежи таа го промовираше новиот сингл „Сенки“, за кој сними и интересен видеоспот. Теа е секогаш различна и новата песна е таква- модерна и светска.
-„Сенки“ е еден од оние проекти што зборуваат сами за себе, снимен во можеби најтешки глобални/локални околности. Верувам дека ќе ги допре слушателите и дека сите ќе се пронајдат во оваа приказна која едвај чекав да ја споделам со нив – накусо изјави Трајковска.
Се разбира, Теа и овојпат соработуваше со Лазар Цветковски, кој беше задолжен за музиката и аранжманот, додека пак текстот е нејзино дело.
За видеоприказната пејачката довербата им ја даде на режисерите Томи Акимовски и Горан Симјановски, додека за нејзиниот изглед се погрижија Мите Занов, Даниел Николовски и Дарко Петковски.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!