Се е подготвено за „Вино на штикли“, ивент, што гарант ќе го одбележи долгото топло лето. Да резимираме: на 23 јуни, во четврток, од 19 часот па се до полноќ, по четврти пат во „Форца“ ќе се случува настан што ќе ги обедини љубителите на виното, гурманите кои ќе уживаат во деликатесите на популарниот вински бар и ресторан и секако добрата музика.
За музичкиот дел е задолжена македонската поп ѕвезда Викторија Лоба, која освен своите хитови, на гостите ќе им понуди богат избор на кавер верзии на домашните и светските популарни хитови и евергрини, потенцирајќи го стилот на изведувачите, ама со нејзината концепциска слика. Ќе уживате во навистина добра свирка.
Не очекува ноќ со многу изненадувања, дегустација на над 150 различни вина од 19 македонски и странски винарии што ќе бидат спарени со вкусните гурмански предизвици на Форца, а љубителите на тартуфи ќе имаат можност да пробат разни производи од брендот туф.мк.
Внимавајте: на 23 јуни сите патишта водат кон „Форца“. Се гледаме!