5.8 C
Skopje
вторник, февруари 18, 2025
spot_img

Не пропуштајте: „Интерскопкејкс“ на 9. ноември во Веро Центар

Како секоја, така и оваа година ноември е резервиран за слатката манифестација „Интерскопкејкс“. Внимавајте сега: денот е 9-ти ноември (сабота) а локацијата добро позната – Веро Центар.
По 11-ти пат главен збор ќе го имаат тортите а организаторот е Град Скопје во соработка со Хуманитарната организација „Хоа – Ангелчиња“.
Сите оние што во овој период ќе бидат во Веро Центар ќе имаат извонредна можност да уживаат во глетката, слатките креации на аматери и професионалци од земјата и странство кои на мегдан ќе ги изложат своите торти.
Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Романија, Бугарија и Албанија досега го потврдиле своето учество на настанот а најхуманиот момент е што по завршувањето на манифестацијата тортите ќе бидат подарени на децата од социјално загрозените семејства, не информираа организаторите на „Интерскопкејкс”.
Инаку, манифестацијата ќе биде поделена во два дела: ревијален, од 11 до 15ч кога посетителите ќе ги разгледаат изложените торти, ќе го следат натпреварот „под притисок“ и ќе гласаат за најдобрата торта.
Официјалниот дел (15 до 16:30ч) ќе биде отворен од преставниците на Град Скопје и во овој период ќе се прогласат најдобрите изложбени штандови, карвинг мајстори, и победничите торти во двете категории.
Не пропуштајте ја најголемата слатка манифестација во градот.
Влезот е слободен.

Минатогодишното специјално жири на тортијадата

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена