Не пропуштајте. Секоја недела онлајн емисија „Уште ми фалиш“ на Дац и Александар

Од 6-ти декември, недела, во терминот 20:30ч, (специјално направена за Youtube и нивната Facebook страница), се емитува авторската емисија на Дац и Александар – „Уште ми фалиш“, според нивната истоимена песна.
Во ретро- фазон, со многу интересна концепција, современи анимации и духовити прашања, ова популарно дуо секоја недела на гости во студиото ќе пречекува по еден гостин.


Во првата епизода се дружевме со Ѓокица Лукаревски, доајен на македонското глумиште, кој се наврати на својата младост и запеа песна покрај Дац и Александар.


Со оваа нова интересна концепција (по карантинскиот серијал) што дуото им ја подарува на своите фанови за полесно пребродување, во периодот на ладното време и социјална дистанца, серијалот дефинитивно ќе ви ги стопли срцата, ќе ве расположи и ќе ве предизвика да го запомните следниот термин на емитување.
Оваа недела (13 декември, 20.30ч) гостинката е Бранка Костиќ.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!