Никола Богдановски, сопственик на „Моја Фарма“: Љубовта кон животните е мојата инспирација за успех

Денес е роденден на Никола Богдановски, млад фармер и голем љубител на животни. Уште како мал тој имал и желба и визија за својата иднина: да се грижи за животни, тие да се неговиот мал рај и предизвик секој ден. Токму оваа негова предаденост на фармата, секој слободен миг да го поминува помеѓу животните не инспирира да му посакаме уште поуспешна година. Растењето и успесите на „Моја фарма“ се евидентни а Никола е одличен пример за помалиот брат Богдан, кој има шест години и ги следи неговите стапки.

– Гледајќи ги моите баби и дедовци учев што значи грижа на човекот за своите животни, раскажува Никола. -Така почнав да одгледувам живина, но бргу сватив дека тоа не ме исполнува целосно и бргу го зголемив бројот. Ми одеше добро и потоа се случи скалило погоре: земав 2 кози од кои добивавме млеко за домашна употреба и 1 свиња, за да имаме мали прасиња. Кажано- сторено.
Кога наполнив 16 години, видов дека можам да одам уште погоре па решив да ја зголемам бројката: имав 20 кози и 10 маторици од кои произведуваме: млеко, месо, јајца за наша употреба. Тоа се години на моето созревање, ама и сознание дека неможеме да ги задоволиме сите наши потрошувачи. Тоа е уште поголем предизвик, па во иднина се надеваме дека нашата фарма ќе расне уште повеќе и покрај големите цени на нафтата и храната, ние нема да се откажеме!
Како што кажав, љубовта не се вградува таа се раѓа.“
Вака позитивно и долгорочно размислува Никола. Освен успесите во работата, сила за чекорење напред му е преслаткото братче. И Богдан многу ги сака животните, помага, се радува на секојдневните обврски, и не пропушта да си го гушне братот.
Токму така, љубовта се множи со давање: среќен роденден Никола!

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!