Ново музичко талент шоу: „Заблескај“ и сними дует со Елена Ристеска

Време е за нешто ново, иновативно, забавно, интересно. Време е да заблескаш! Заблескај со Орбит!Вака отприлика изгледа најавата за новото музичко талент-шоу што наскоро ќе и’ се случи на Македонија.
Имено, во организација на „Колор медиа плус“ и магазинот ,,Убавина и здравје“, кои зад себе имаат низа успешни организирани проекти, како што се регионалната конференција за жени „Профемина“, регионалналната манифестација „Стори“, Influenser awards, Βeauty awards и многу други настани, кон средината на идниот месец ќе започнат со емитување на музичкото талент-шоу „Заблескај“.
Правилата за пријавување на кандидатите:
Сите вие што сте музички талентирани и сакате да направите исклучителни музички кариери, а ви треба помош и поддршка, снимете се со вашите мобилни телефони како ја изведувате вашата омилена песна.
Видеото со отпеаниот рефрен или стих од песната пратете ни го во ДМ на нашата официјална инстаграм-страница @ubavinaizdravje.mk или на нашата мејл-адреса – redakcija@ubavinaizdravje.mk
Истото видео, откако ќе го пратите во ДМ, објавете го и на вашите профили на Инстаграм, ТикРок или на Фејбук со следните хаштагови: #заблескај и #заблескајсоорбит.
Задолжително на видеото означете ги профилите на „Убавина и здравје“ на Инстаграм, Фејбук и ТикТок, во зависност од тоа на која социјална мрежа имате профил на кој ќе го објавите вашето видео.
Пријавувањата стартуваат од денес, а ќе траат до 10 мај.
Услов за да учествувате е да имате над 14 години.
Петтемина најдобри ќе бидат избрани од страна на стручното жири, кое го сочинуваат истакнати и реномирани пејачи и познати личности чии имиња ќе ги објавиме наскоро, а шестиот што ќе влезе во овие топ-шест најдобри ќе биде оној кој ќе добие најголем број лајкови на видеото постирано на својот профил на социјалните мрежи.
Потоа следуваат осум емисии, во кои што ќе бидат претставени кандидатите, а домаќинот задолжен за нивната промоција во јавноста е водителот Марко Новевски, на кого друштво во рамките на емисијата ќе му прават познати личности од домашната јавна сцена, кои заеднички со Марко ќе ги коментираат настапите.
Гала-вечерта е планирана кон крајот на јуни.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!