10.8 C
Skopje
недела, февруари 9, 2025
spot_img

„Нов свет“ на Лоба, анплагд матине на нејзиниот ЈуТуб канал

Пејачката Викторија Лоба & Friends продуцираа анплагд музичко матине за нејзиниот албум „Нов свет“. Официјално можат да се слушнат шестте песни на ЈуTуб каналот на Лоба, песни за сечиј вкус.
– После долг концертен период на молчење, музиката во нас мораше да го најде својот пат и да се искаже. Така се роди ова анплагд музичко матине, без размислување јас и сите од бендот рековме – го правиме. Ве поканувам на мојот ЈуTуб канал за да уживате во секоја песна. Мене ми е посебно драга новата верзија на „Само мој” неочекуван нов аранжман кој со себе повлече и нов стил на изведба на самата песна, вели Викторија Лоба.
Анплагдот го изработија Дина Јашари, придружен вокал, Кристијан Кожумановски- бас гитара, Теодор Теодосиевски- тапани, Стефан Алексовски- клавијатури, Филип Попов- гитара, а продукција на видеото се Дарко Митев и Стефан Николовски и аудио снимање, микс, мастеринг Нино.
Песните Нов свет, Една единствена, Само мој, Дојди, Опиум и Воздушка се пееле едно неделно попладне во Каре Македонија.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена