20.8 C
Skopje
недела, април 27, 2025
spot_img

„Нокаут“ во „живо“: Aнплагд концерт во Интермецо

Овој четврток сите патишта водат кон омиленото скопско кафуле Интермецо каде и за оваа недела домаќините најавуваат богата музичка програма. На неодамна реновираната летна тераса на Интермецо за овој четврток е закажана музичката дружба – овој пат со неповторливите момци од Нокаут.
Анплагд концертот на Пере и дружината стартува во 22 часот, а присутните ќе можат да уживаат во изведбата на нивните најголеми хитови.
Така, освен „Кога ме сакаш ти“, кој воедно е најава за четвртиот студиски албум кој треба да излезе годинава, присутните ќе уживаат и во добро познатите „Лебедот бел“, „Што бараш ти во мојата песна“, „За нас“, „Знаеш каде да ме најдеш“, „Би се викал те сакам“, „Позитивно“… Ова ќе бидат само дел од темите кои момците ќе ги отсвират на сцената, на летната тераса на кафулето Интермецо.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена