Ова се чекаше: Петар Грашо на 18 мај со голем концерт во Арената Борис Трајковски

После две години пандемија, карантини, изолации, стресни и неизвесни денови, време е навистина да уживаме. Да уживаме и да ги оставиме зад себе сите оние лоши денови…
А бидејќи музиката е лек за душа, тогаш да ја лекуваме душата…
По тој повод, една од најпопуларните музички ѕвезди на овие простори Петар Грашо, ќе одржи голем солистички концерт во нашата метропола.
Скопјани, па и цела Македонија ќе бидат привилегирани на 18. мај да уживаат во најголемите хитови на овој хрватски романтичар.
„Арена Борис Трајковски“ очигледно ќе биде претесна да ги собере сите обожаватели на миленикот на македонската публика и во еден глас заедно со него да ја пее „Ако те питају“, потоа „Јел ти река ‘ко“, „Срце за водича“, „Воли ме“, а тука се и постарите, но добро познати хитови како што се: „Ко нам брани“, „Уторак“, „Волим и постојим“, „Требам некога“ и многу други…

Организаторите на овој настан, „Прагма продукција“ најавуваат голем музички спекткал.
„Последниве неколку години Петар Грашо е убедливо најбараниот и најпопуларен изведувач на овие простори. Неговите безвременски хитови се слушаат буквално од Вардар до Триглав и поради тоа воопшто не се двоумевме кога се решивме да го организираме концертот. Интересот е огромен. Очигледно публиката е желна за квалитетна музика, бидејќи пандемијата си го направи своето – велат организаторите.
Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, потоа Розе Веро 2 и Југотон.
Да уживаме на 18. мај во „Арената Борис Трајковски“!

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!