Коктел од лимон
Се мешаат сок од два лимона со чаша минерална вода. Се додаваат неколку ливчиња свежо нане и лажиче кафеав шеќер.
Напомена: две чаши од овој коктел ја задоволуваат дневната потреба од витаминот Ц.
Сок од јаболко со цимет
Смешајте сок од јаболко со еден исцеден лимон и додадете малку цимет.
Напомена: сокот од јаболко е познат по тоа што делува умирувачки на организам и заштитува од инфекции на респираторни органи и од грипот.
Егзотичен коктел
Добро смешајте јогурт со лажиче сок од лимон. Додадете малку вода, малку препечен ким и неколку ливчиња свежо нане.
Напомена: овој напиток е богат со калциум и белковини.