Шкето со мелено месо
Потребно е: 500 гр мелено месо, шест врзопчиња млад кромид, три врзопчиња магдонос, сол, црвен пипер, лажица брашно.
Првин се пропржува месото а потоа се додава сечкан кромид, се спојува и уште малку се пржи. Потоа се додава сечкан магдонос, се додава брашно, црвен пипер, се меша убаво, се посолува и се додава вода.
Сега шкетото треба да се искрчка околу еден час на умерен оган. Се сервира со кисело млеко.
Коментарите се затворени