Велигденски пораки: Нека радоста од воскреснувањето ни даде нова сила, убавина и среќа
Најголемиот христијански празник Велигден е поврзан со надежта, вечното трагање по смислата на животот, потврда на верата, вербата во Пасха (премин) и во воскреснувањето. Затоа е особен и голем Велигден.
Најважен симбол на овој светол празник е црвеното јајце, победа на животот над смртта, на периодична обнова на природата, светлината над темнината, и на повторното раѓање.
Во Христијанството, јајцето е симбол на нов и вечен живот кој Исус со своето воскреснување им го овозможил на луѓето. Читајте, просветлувајте се.
Библијата е извор кој ги напојува душте: зборовите, речениците ја лекуваат и ја топлат душата токму во деновите на Велигденското празнување. Свети апостол Павле вели: ,,Ако Христос не воскресна, напразна ќе беше нашата проповед.“ Токму ова е причината што ние, христијаните, сме уверени во вистината на пораките Христови, кој ќе каже: ,,Оној кој верува во мене и се крсти, и да умре, вечно и ќе живее.“
Велигден ги носи пораките за победа на животот а секој од нас во својата душа го има храмот каде што може да се помоли.
И не само тоа, туку и да се обиде да стане покроток, да тихува, верува а „подобар човек“ да не е само фраза, туку спокој што дава светлина. Да бидеме луѓе.
Велигден е прекрасено изненадување на Господ, ветување и исполнување. Ако вербата ви е силна, зборовите доаѓаат сами. Во продолжение најдете го спокојот во убавите празнични пораки.
* Велигден не учи дека животот никогаш не престанува а љубовта никогаш не умира!
* Воскреснувањето му дава смисла на животот, насока и можност за нов почеток, без оглед на околностите.
*Нека светлината на Христовото Воскресение ви ги осветли срцата а неговата бесконечна љубов го благослови вашиот ум и вашиот живот.
*Светото јајце Христово што денес куќата ви ја краси, нека донесе многу здравје, среќа и од секакви маки ве спаси!
*Додај мир во душата, љубов во срцето, прости, сакај и почитувај. Така се слави Христос!
*Да поздравиме сé што е во светлината на Христовото Воскресение, зашто после него сé ќе е поразлично од она што го имавме вчера, сé ќе е подобро и повеличенствено.
* Не му се препуштај на очајот, ние сме луѓе на воскреснувањето и алелуја е нашата песна.
* Нека радоста од воскреснувањето не издигне над осаменоста, слабоста и очајот, нека ни даде сила за нова убавина и среќа!
Коментарите се затворени