Одбројуваме. Уште неколку дена до „Охрид- фест 2020“

Се вршат последните подготовки за претстојниот „Охрид-фест“: песните се готови, пејачите во топ – форма, сцената на Долни Сарај стокмена за промоција на новите фолк композиции, а организаторите ветуваат убав фестивал. Одбројуваме!
Како што веќе информиравме, музичкиот летен фестивал, „Охрид- фест 2020“, годинава ќе ја одржи традицијата и контунтинуитет долг 27 години во петок, на 11 септември, со одржувањето на Фолк- вечерта.
Годинава, поради неизвесноста предизвикана со пандемијата на Ковид- 19, не се одржуваат Интернационалната и поп вечерта, и покрај големиот интерес на популарните имиња од Балканот, и 15 телевизиски куќи од Бугарија, Албанија, Србија, Турција, Словенија.., кои континуирано го пренесуваа фестивалот.

Сепак, не очекува прекрасна фолк- вечер, на најубавата сцена на Балканот, каде ќе настапат- Анита Бошкова, Гордана Микиќ, Мишко Микеле Србиноски, Зоран Христов, Милован Секулоски и Позитив бенд, Јуле Николовска, Методија Столески, Јовица Мицевски Бамбус, Добрила Чабриќ, Анета Арсовска, Катерина Брезева и Соната, Нино Величковски, Баже Груевски, Ирена Спасовска, Скопски боеми, Ибро Лабунски, Петар Нечовски, Барбара, Благица Павловска…, се на се, ќе слушнеме 19 композиции, што гледачите ќе можат да ги проследат преку директниот пренос во петок, на првиот канал на МТВ во 20,15ч.
Водителката на „Охрид-фест“ е Каролина Петковска, во ревијалниот дел ќе настапи доајенот на народната песна Перо Христов, а наградата за промоција на музиката на Балканските простори му припадна на Ненад Нинчевиќ од „Тути фрути“ бенд.

„Охрид- фест“ ќе биде организиран според протоколите на Владата и МЗ.

Годинава и гласањето е поинакво: топ листата на наградените ќе ја креираат гласовите на публиката од радијата, но и специјалното жири, што ќе гласа на  самиот фестивал.

УЧЕСНИЦИ ВО ГЛАСАЊЕТО
1.Никола Фириев – Македонско радио – Радио Скопје
2.Божана Ќулавкова – Радио Голди Велес
3.Трајанка Ѓорчева Митрова – Радио Кавадарци
4.Радио Роса Скопје, Радио Роса Македонско Народно Радио
5.Супер Радио Охрид – Даниела Спасиќ
6.Радио Александар Македонски Кичево – Илија Ило таневски
7.Слушателите на 103.3 МАК ФМ Радио од Перт Западна Австралија кое има 24 часовна програма
8.Бошко Рајчовски Преспански – Македонска Радио програма “Оро македонско” Детроит и Чикаго, прво радио во дијаспората , кое постои 52 години
9.Ристе Спировски – екс уредник и водител на Македонската радио програма Voice of Macedonia – Чикаго
10.Татјана Нешковска – радио водител VOX FM – Волонгонг
11.Сузана Митева –2ХХ Канбера
12.Јон Треноски – радио Македонски Корени и Македонска Лоза – Сиднеј
13.Македонска програма со Лидија и Васко Ангеловски на Зззз Мелбурн Австралија
14.Симе Бричот – Текстописец и Радио водител Сиднеј
15.Ицо Најдовски Перин – Мелбурн
16.Венци Панов, музичар и бизнисмен – Сиднеј
17.Драган Јаким претседател на Етно Ризница – Куманово
18.Игор Трајковски – Уметнички директор на Тумба Фест – Куманово
19.Горан Кукиќ – Естраден уметник

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!