Празници се ближат а популарнта кралица на тортите, Снежана Ангеловска, традиционално го подготви новогодишниот базар во „Ремедика“.
Се работеше интензивно цела недела, потрошени се 70 килограми чоколадо а
изложени се повеќе од 100 чоколадни експонати. Убавини и слатки мераци!
Елки, чизми, лижавчиња, куќички, лампиони, новогодишно пралине, чоко-пакетчиња..и многу други чоколадни чаролии и годинава го красат холот на „Ремедика“. Најголемиот експонат „новогодишна идила“ тежок 10 килограми навистина делува импресивно и е еден од најомилените чоколадни предизвици.