Уште едно потсетување за идните музички ѕвезди.
Годинава, на 28-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, фестивалот става посебен акцент и дава голема подршка и можност за дебитанти, новите музички сили, кои би настапилеи во фолк и во поп вечерта.
Како што е познато, „Охрид-фест“ им дава приоритет на дебитантите а покрај Тоше Проески многу познати пејачи своите музички почетоци ги имаа токму на ,,Охрид фест- Охридски трубадури”. Ова е одлична можност и вистинска шанса за почеток на сериозна музичка кариера.
Дебитанти, демо-снимките од вашите композиции е потребно да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара.
Конкурсот е отворен до 15 април, а пријавувањето е на следните електронски адреси: ohridfest.produkcija@gmail.com и grigorkoprov@yahoo.com
Фото-Pixabay