Пилешко со зеленчук и кашкавал
Потребно е : 1/2 кг пилешко месо, 200 г ориз, 2 главици кромид, 200 г моркови, целер, путер, 100 г кашкавал, 100 мл бело вино, маслиново масло и сол.
Зеленчукот исчистете го и измијте го, исечкајте ги морковите и целерот на коцки, а кромидот ситно.
Во тавче на оган со загреани 2-3 лажици маслиново масло додајте ги парчињата пилешко месо, посолете ги и пржете додека не добијат златно-кафеава боја. По 20 минути, извадете го месото настрана, а во маслото од пржењето додајте ги исечканиот кромид, морковите, целерот и малку сол, промешајте и пржете додека зеленчукот не омекне.
Вратете го пилешкото во тавата, ставете бело вино и почекајте додека не испари половина. Потоа додајте ги оризот и путерот, ставете жешка вода колку да ги прикриете состојките, промешајте, поклопете и варете на тивок оган. По 20 минути, тргнете го јадењето од огнот, изрендајте кашкавал и декорирајте со моркови.
Коментарите се затворени