Пирошки од бајат леб

Потребно е: 1 бајат леб, 2 јајца , 100 грама кашкавал или сирење, 100 грама салама, малку млеко и 200 грама презла.
Лебот го кршиме на ситни парчиња и му ставаме млеко за да омекне, па го оставаме да кисне околу 10-15 минути. Во меѓувреме ги сечкаме саламата и кашкавалот и ги матиме јајцата. Лебот малку го замесуваме, а потоа ги додаваме јајцата, саламата и кашкавалот. Ставаме и презла и убаво месиме за да се добие смеса од која може да се формираат пирошки.
Пирошките ги поминуваме во презла и ги пржиме во загреано масло, да заруменат.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!