Не верувам во исполнување на желби од никој. Секогаш сум сметала дека самите ние сме одговорни за остварувањето на нашите цели, идеи, желби. А,може и не?Контрадикторно зарем не?
Но,еве и јас сум сонувач на свој начин и сакам да верувам понекогаш во неверојатни работи иако не си го дозволувам тој луксуз постојано.
Основната желба на сите ни е здравје пред се, радост и среќа. Ама во ова време -невреме, редно е да имаме и по некоја желба (две,три,четири…..) плус. Епа вака.
Во државчево во кое живеам имам желба и тоа голема (неотповиклива) да се врати ДОСТОИНСТВОТО НА НАРОДОТ, ИМЕТО, ИДЕНТИТЕТОТ.
Нормален живот за сите. Да нема болни, тажни, несреќни, сиромашни….пристојно за сите.
Зарем е ова многу?!
И секако за мене конкретно…хххммммм- сакам да ми се откачат од вратот сите хиени (крвопијци по задача) и да ме остават мене и моето семејство на мира. После подолг период конечно да заиграм во добар филм (доста ми беа праени само филмови), да се врати нормалниот тек на животот. Да сум сигурна во нормалниот тек на настаните на сите полиња, вклучувајќи ги тука и исправањето на сите неправди.
Да сме сигурни дека децата ќе ни растат безгрижно.
ИИИИ, секако да сме живи и здрави и истрајни во нашата борба наречена живот.
ДА НИ Е СРЕЌНА НОВАТА 2020 ГОДИНА!