9.9 C
Skopje
вторник, мај 20, 2025
spot_img

Пијте чаеви и слабејте

Познато е дека чаевите го забрзуваат процесот на слабеење и го ослободуваат организмот од штетните состојки, па затоа не е лошо утринскиот ритуал на пиење кафе да го замените со чај. За време на „чајната диета“ не претерувате со алкохол и благи работи.
Кинески чај
Одличен сојузник во борбата со вишокот килограми. Потребна ви е една вреќичка кинески чај и една лажичка сок од лимон. Сварете го на вообичаениот начин, прелијте ја кесичката со жешка вода и оставете да отстои 10 минути. Потоа додајте го лимунот.
Чај од коприва
Копривата е богата со белковини, калциум и витамини, па затоа овој чај е добар за општата здравствена состојба. Потребна ви е една кесичка чај од коприва и едно стапче ванилија. Откако ќе ја попарите вреќичката со топла вода, ставете го стапчето и оставете да отстои 15 минути.
Зелен чај со ѓумбир
Зелениот чај влијае благотворно на нервниот состав, срцето и на крвните садови и е препорачливо да се пие секојдневно. Ѓумбирот е одличен против воспаленија и лошо варење на храната. За една шолја чај, ви треба една лажичка зелен чај, малку сок од лимон и мало парче ѓумбир. Најпрво исечкајте го ѓумбирот и промешајте го чајот, па полијте го со топла вода.

Фото-Pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена