Во организација на Амбасадата на Р.Италија и ИТА- Italian Trade Agency Skopje, наместо овој викенд (27 и 28 ноември), настанот Фестивал на италијанската кујна ќе се одржи наредниот викенд на 4 и 5 декември, на истата локација- Плоштад Македонија.
Станува збор за настан на отворено со кој се одбележува 6-тата Недела на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот.
Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе понудат гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони. Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки…
Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.
Лотарија за сите оние кои ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите NEPTUN, COIN CASA, EUROLAB, BOTTEGA DEL GUSTО, BOTTEGA DEL VINO, RESTORAN GINO и ITA BRAND.
На 4 декември во 12.00 часот настанот ќе го отворат Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на забавен и уникатен начин ќе ја претстават италијанската кујна…Цел викенд со богата забавна програма до вечерните часови, со многу италијанска музика во живо, дружење и уживање во италијанска храна.
На 5 декември, од 19 до 21 часот, посетителите ќе можат да уживаат во несекојдневно музичко патување низ најубавите и најромантични предели на Италија со ПАВЛЕ КАМИЛОСКИ!
Учесници на настанот се: Ресторан Kaj Џино, Ресторан Ла Тераца, Ресторан Венето, Таверна Тоскана, Ботега дел Густо, Ботега дел Вино, Мато Наполетано, Еуролаб и ИТА Бренд.
Фото: Амбасадата на Р.Италија, pixabay