Поради пандемијата со Ковид 19 :„Охрид- фест 2020“ во знак на Фолк вечер

Музичкиот летен фестивал, „Охрид- фест 2020“, годинава ќе ја следи традицијата и континуитетот долг 27 години без Интернационална вечер, на 11 септември, со одржувањето на Фолк вечер.
Причината е позната: општата неизвесност предизвикана со пандемијата на Ковид 19, а идеен творец на фестивалот, композиторот Григор Копров вели дека се ќе се надомести следната година.
„За жал состојбата со Корона вирусот ни ги смени плановите и заложбите, но така е и кај нас и во целиот свет, вели Копров. „До последен момент преговарав со странските учесници и телевизии, и дефинитино Интернационалната вечер ја одложуваме за 2021 година. Неизвесноста со пандемијата во нашата земја, карантин од две недели, што ги чека учесниците по враќањето во нивната земја, ме предизвика годинешното издание да биде во знак на Фолк вечер.
Инаку, од Хрватска ги очекував Жак Хоудек, Индира Левак (екс „Колонија“), Ненад Нинчевиќ од бендот „Тути фрути“, потоа имавме учесници од Грција, Албанија, Бугарија, Словенија, Србија, од каде по првпат да требаше да снима „БК Телевизија“, а ќе беа вклучени и камерите на Националниот канал од Словенија. Во оваа прилика им заблагодарувам на сите, интересот за „Охрид фест“ навистина беше импресивен, и уште поголема ни е одговорноста следната година да продолжиме по утврдениот редослед.
Сепак, не очекува прекрасна Фолк вечер, на најубавата сцена на Балканот, на локацијата на Долни Сарај.“
На 11 септември, „Охрид- фест“ ќе биде одржан во согласност со здравствените препораки и одобрените протоколи за ваков тип на настани, во време на Ковид 19: заштитни маски, дезинфекција на локалитетот… Исто така, поради одржувањето на физичката дистанца, капацитетот на публиката ќе биде намален за 50%.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!