Почина Фолко Портинари, еден од основачите на Манифестот на Слоу Фуд

Вчера во Милано, во 93 година од животот почина Фолко Портинари, еден од оснивачите и авторите на Манифестот на Слоу Фуд. Писател и интелектуалец, познат по своите оригинални, полни со живот коментари, гастроном кој влијаеше на високиот статус на гастрономијата во неговата Италија.
Всушност, тој се вгради себеси во Манифестот на „спора храна“, револуционерен текст кој направи револуција на културата на храна низ целиот свет.
Овој Манифест на СФ е напишан 1987 а објавен две години подоцна. Потпишан е од делегатите од 15 земји со што и официјално е основана Меѓународната Слоу Фуд.

МАНИФЕСТ
Меѓународно движење за одбрана на правото на уживање

Роден и негуван под знакот на индустријализацијата, овој век прво ни ja донесе машината, а потоа според неа ни го изгради и животниот стил. Брзината стана нашиот оков. Ние станавме жртва на истиот вирус: „брзиот живот“, кој ги уништува нашите обичаи и не напаѓа дури и во сопствените домови, принудувајќи нe да консумираме „брза храна“.
Човекот како разумно суштество, мора да ја обнови мудроста и да се ослободи (самиот) себе (си) од „брзината“ која го води попатот на исчезнувањето.
Затоа, ајде да се одбраниме од универзалното лудило на „брзиот живот“, со смирено материјално задоволство.
Наспроти оние – или поточно, поголемиот дел – кои ефикасноста ја мешаат со избезумена сестраност, ние предлагаме вакцина со соодветна количина на сензуални гурмански уживања, која треба да се земе преку бавно и продолжено уживање.
Соодветно на тоа, ние ќе започнеме во кујната со Слоу Фуд. За да ја избегнеме зачмаеноста на „брзата храна“, дозволете ни повторно да ги откриеме богатите разновидности и ароми на локалните кујни.
Во името на продуктивноста, „брзиот живот“ го промени нашиот животен стил и сега ја загрозува нашата животна средина, пејсажите на нашата земја и панорамите на нашите градови.
Слоу Фуд е алтернативата, мудриот одговор од авангардата.
Тука ќе биде откриена вистинската култура. Би започнале пред се преку негување на вкусовите, а не нивно осиромашување, преку стимулирање на напредокот, преку охрабрување на меѓународни програми за размена и поддршка на корисни проекти, преку поддршка на културата на исхрана и одбрананастаритетрадиции.
Слоу Фуд нe уверува во животен стил со подобар квалитет. Со полжавот, одбран како заштитен знак и симбол, Слоу Фуд претставува идеја и начин на живот кои имаат потреба од многу сигурна и постојана подршка.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени