Во вторник, (15 јануари) во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс.
„Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска), додека во насловните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв е Саша Ефтимова, Месо е Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор- Мирослав Митрашиновиќ и Смрт е Олга Панго.
„Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени