6.8 C
Skopje
понеделник, март 24, 2025
spot_img

По двонеделно боледување почина Драган Вучиќ

Синоќа на Инфективната клиника во Скопје, по двонеделно боледување и последиците од коронавирусот почина Драган Вучиќ. Веста се прошири буквално преку ноќ, никој не може да поверува во оваа трагедија, особено што Драган не боледуваше долго, го сакаше животот, беше позитивен, ведар по дух и омилен помеѓу луѓето.

Вучиќ е роден во Скопје 1955 година, беше многу музикален и еден од најдобрите басисти кај нас, автор на „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“, „Солзи нека пресушат“…, ги имаше фолк-групите „Тавче- гравче“ и „Кода“, откаде и хитовите „Ника, Ника убава Марика“, „Земјо моја мила“, „Јана“…а во 2005 со неговата песна „Мake my day“, Мартин Вучиќ ја претставуваше Македонија на Евровизискиот фестивал.

Драган беше вистински професионалец, што и да работеше. Покрај музичката кариера, импресивни се и неговите проекти како автор и водител во промовирањето на новите таленти.
Вучиќ беше автор на „Вашите пет минути“, и имаше непогрешливо чувство што ќе се гледа и што ќе биде популарно, со што постојано ја потврдувше својата медиумска реинкарнација. Ги направи најинтересните шоуа со ѕвездите од екс-ју естрада, интервјуата со најдобрите турски актери од некогаш актуелната серија „Султан Сулејман Величенствениот“ , а неговите гурмански муабети моментално се прикажуваат на Тв-Телма. Едноставно, човек- институција.
Драган семејно беше многу среќен – со Весна беше во брак четири децении, беше многу горд на синот Мартин, а сите ние што го познаваме, го имавме муабетот со вистински, голем другар. Вучиќ беше човек со големо срце и со многу емпатија за сите.

Упатуваме најискрено и најдлабоко сочувство до семејството. Драган, целото небо е за тебе!

Вања Тодоровска

Фото: ФБ

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена