Музичко-брачната двојка Наум Петрески и Зуица Лазова пристигна во Австралија. По десет години пауза тие повторно ќе запеат пред нашите иселеници. Главен настан од нивната турнеја е Охридскиот бал, кој ке се одржи на 23 јуни и кој годинава слави 35 години од постоењето. Нивната турнеја започнува во Мелбурн, каде викендов го одржаа првиот концерт. Потоа продолжуваат во Перт, на 26 мај, на први јуни се во Рокдајл, па Волонгог, Голд Кост и останатите поголеми градови каде живеат нашинци.
Наум: Само во Австралија се сака македонската песна
Наум Петрески пристигна во Австралија со голема желба и надеж. Разочаран е од состојбата на фолк музиката во Македонија, но со голема надеж дека нашинците во Австралија се желни за наша песна.
-Последен пат бев пред 10 години. Цела деценија помина додека повторно да запеам пред нашинците. Имам многу роднини и пријатели што едвај чекам да ги видам. Многу се радувам, бидејки сметам дека нашинците во Австралија се мегу последните кои останаа да ја почитуваат убавата македонска песна. Многу сум разочаран од состојбата во која се наога македонската песна и затоа сега мило ми е на душата. Навистина уште таму остана да се слуша и почитува нашиот убав фолк. Бидејки во Македонија, веке се е катастрофа, вели Наум.
Она што Наум ќе го отпее на тунејата нема цена, бидејки тој зад себе има песни кои ќе веќе се фолк евергрини.
-Бидејки не сум бил 10 години има што да им отпеам. Не само песни од последниот албум „Грло ненапеано“, туку сите песни пред тоа. Ќе има вистинско уживање. Ќе се слави македонската песна. И на сите концерти ќе се пее исклучиво македонска песна, вели тој.
Наум е пресрекен што билетите за сите концерти се веќе распродадени, но и се чека одговор за организирање на дополнителни, бидејки интересот е голем.
-Нема посрекен од мене кога знам дека сите концерти се распродадени. Тоа се нема случено уште од времето кога јас и покојниот Гоце Николовски бевме заедно на турнеја. Јас тогаШ заминав со мојот хит „Има ли песна“ а Гоце замина со „Бисер балкански“. Тоа беше турнеја која ниту може да се опише ниту може да се заборави. Се надевам дека и овој пат ќе биде така, додава Наум.
Последен негов албум е „Грло ненапеано“, кој го промовираше пред крајот на 2016 година, поточно на неговиот јубилеен роденден. Тој во иста вечер го прослави 50 роденден и го промовираше албумот.
-Албумот помина супер, презадоволен сум. За некои од песните снимав спот. Е сега може да се случи додека сум во Австралија да снимам уште некој. Има простор за такво нешто, екупата на „ИН ТВ“ заминува заедно со нас. Но, тоа ќе се одлучи таму. Прво и најважно е да поминат концертите. А ќе поминат незаборавно. Пак ке повторам, нашинците во Австралија се меѓу последните, кои сеуште со ист жар ја почитуваат македонската песна и затоа заслужуваат незаборавни концерти, вели пејачот.
Зуица: Заминувам и со насмевка и со солзи
Зуица, пак, вели дека последен пат на турнеја низ Австралија била исто така заено со Наум пред 12 години и среќна е што сега повторно со Наум ќе се дружи со нашинците преку барата.
-Јас ја имам таа среќа повторно со Наум да настапувам во Австралија. Веќе 12 години поминаа кога последен пат бев и тоа со Наум. Беше тоа убава турнеја. Но, еве сега пак со него. Австралија како да ми е судена да настапувам само со Наум. Ако поминале 12 години од мојот последен настап, тоа значи дека сега има што да се каже, што да се отпее. Многу песни, многу фестивали се поминати и затоа мислам дека нашите ќе имаат можност во живо да ги слушнат сите мои песни, вели Зуица.
Таа, како и сите мајки, заминува со тага бидејки ги остава саму ќерката Македонка и синот Стефан.
-Се поздравив со нив па се изнаплакав. Ќе останат сами, заедно со мајка му на Наум, но не е исто кога јас и тој не сме крај нив. Ама кога човек има таква професија мора да биде подготвен и за вакви моменти. Низ истото поминале многу мои колешки. Ми кажувале дека биле по неколку месеци на турнеја,кога и не можеле толку често да се слушнат со децата, па издржале. Секако дека ќе издржам и јас. Добро е што техниката е толку напред па можам да се слушнам со нив кога ќе посакам, вели таа.
Зуица, како и сите жени, замина за Австралија со еден куфер повеќе. Покрај пеењето ја чека и шопинг.
-За куферите да не зборуваме. Не знам како ќе се пренесам до дома. Имам многу нарашки од Македонка. И не само за неа, секоја жена па и јас тунеите ги користи за шопинг и обновивање на гардеробата. Во Австралија сега заврши летото а кај нас доаѓа. ЗНачи ќе има многу попусти на летна гардероба, но ќе има и нова колекција за зима. А тоа се треба да се помине, да се види и да се купи. Жена како жена, гардероба има на претек, но секогаш се соочува со она- немам што да облечам, вели пејачката.