По четврти пат: Винскиот салон во Битола на 3 декември

Во сабота, (3 декември) во најопеаниот град во земјата, Битола, од 17- 23 часот, на големата сцена на Центарот за култура, ќе се случи четвртото издание на Вински салон Битола – SLOW WINE 2022.
Целта на овој настан е претставување на новата винска сцена во Македонија, новиот бран од преку 70 млади винари што носат свежина, енергија и смела визија за нивните семејни винарии.
– Со кренати чаши и полни со ентузијазам ги носиме младите винари буквално на сцена, под светлото на рефлекторите каде ја имаат главната улога. Со тоа се најавуваат квалитетни и разновидни дегустации на 200 етикети на вино и дестилати, како и бројни деликатесни производи- велат организаторите Слоу Фуд Македонија заедно со Слоу Фуд Битола.
И овој вински салон ја продолжува својата мисија – да презентира и промовира нови производители на вино, кои ќе понудат дегустација на вина направени со страст.
На овој начин во континуитет се гради винската култура во нашиот регион, се едуцира за значењето на поднебјето и секако се создаваат нови херои во винската индустрија.


Од минатогодишното издание на Винскиот салон

Со секоја купена влезница се добива стаклена чаша за дегустација, можност да се вкусат 200 етикети на вино и дестилати, како и бројни деликатесни производи. И уште нешто: солена соба Солина со секоја влезница доделува еден третман во вредност од 300 денари.

Во најавувањето, одбројувањето до Винскиот салон, Concept Production и мoделите Aнастасија Трајковска и Александар Поповски пред Офицерскиот Дом Битола создадоа интересен концепт за секој ден посебно. Броиме ситно!
Повелете во Битола, да им дадеме подршка на малите семејни винарии.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!