По спектакуларниот настап на белградскиот заводник и кршач на женски срца Саша Ковачевиќ, најдоброто место за попладневни викенд журки во македонската метропола – „Дежа Ву – Ист Гејт“, за денот на шегата ви подготвува уште едно изнендување.
Прекрасна дружба со Сале и екипата на afterwork маскенбал журка, каде после првите тактови на хитовите на „Тропико бенд“ атмосферата станува фантастична за незаборавна забава.
Нивните хитови оддамна ги освоија вашите срца, а на вас е во ритамот на првоаприлската забава да „паднат маските“ откако одново ќе ги освоите насмевките и срцата на саканите или на оние што можеби токму таму, тоа ќе ви станат!
Затоа не пропуштајте ја забавата со „Тропико бенд“ денес, петок, (1. април) со почеток од 17.00 часот во „Дежа Ву – Ист Гејт“, местото каде добрата забава е загарантирана… Ваше е само да резервирате на: 070 /333 – 221, да дојдете и да ги споделите емоциите под маските!