Прв сингл на Никола Мицевски: „Круг“, најава за албумот „New Era“

Никола Мицевски, или- човек музика, како што го нарекуваат неговите колеги, официјално не почести со својот прв сингл „Kруг“, фантастична најава за неговиот прв албум „New Era“.
– World Fusion музиката од секогаш била мојата инспирација. Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство.
Животот е „Круг“… исполнет со разни нешта. Секој нареден почеток е ист како претходниот, но секој пат искуството (каменот) е поголемо и тоа не води кон врвот на тоа што сакаме да го имаме и постигнеме!
Од срце благодарам на Даниел Јовески, за генијалниот видео спот, кој на „Круг“ му даде уште една димензија плус! Огромна благодарност на сите музичари кои се дел од овој проект, и секако посебна благодарност на Дејан Момировски ( XL студио). Благодарам на Андреј Папаз и сите оние кои се дел од оваа аудио и видео приказна наречена „КРУГ“ вели Никола Мицевски

„Круг“
Музика и арр – Никола Мицевски
Музичари: Никола Мицевски – клавир Зоран Костадиновски – гитара Иван Кукиќ – бас Благоја Антовски – тапани Петар Христов – сопран саксафон Гудачка секција: Владимир Крстев, Илија Филиповски, Верица Ајтовска, Дијана Мирчевска, Марија Трајковска. Емил Чичоновски
Снимено и продукција во студио XL Момироски
Режија, сценарио и камера-Даниел Јовески Костимографија: Андреј Папаз и Даниел Јовески Улоги: Јулијана Митревска, Андреј Димовски, Михаил Талев, Мендо Вељановски

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!