Пржени банани со мед и цимет
Потребно е: 1 банана, 1 лажица мед, цимет и путер.
Исечете ја бананата на парчиња. Измешајте лажица мед со половина лажица вода во мал сад и оставете да стои настрана. Тавата ставете ја на рингла, на среден оган и ставеме малку масло и путер. Наредете ги парчињата банана во тавата и пржете од секоја страна, додека не се добие златнокафеава боја. Кога ќе ги свртите од другата страна, веднаш додадете ја смесата од мед, наросете со цимет и исклучете ја ринглата.
Фото- howtogetrid.ru
Коментарите се затворени