Мириса на пролет, ви недостига енергија?
Облекувајте се во ведри бои
Зимското сивило се спротивставува на веселите бои. Ајде, има сонце! Не морате целосно да бидете во жолта, црвена или зелена боја, но изненадете со нешто шарено, ќе се разведрите моментално.
Изедете квалитетен појадок
Ако пред вас е ден исполнет со бројни обврски кои се поврзани со работата, домот и децата, тогаш убаво би било да си дозволите еден луксузен појадок кој пред се ќе биде хранлив, а ќе ви овозможи и минути за себе. Енергијата која подоцна ќе ја добиете ќе ви овозможи лесно да се справите со остатокот од денот.
Енергијата ја подигнуваат и грицките
Заборавете на чоколадото кое само на кратко ќе ви ја зголеми енергијата, по што повторно ќе настане криза за шеќер во вашиот организам. Одлучете се за храна која константно ќе го држи вашето ниво на енергија како што се бадеми, ореви, лешници, фстаци, разни видови на семки и овошје.
Решете се од токсините
Златното правило за осум чаши вода дневно, вреди! Водата ги чисти токсините од вашиот организам и прави да се чуствувате свежо. Детоксикацијата на организмот можете да ја направите и со едноставно постење во кое ќе конзумирате овошје, зеленчук и вода. Така чистиот организам ќе ви ја врати енергијата и ќе ве натера да се чуствувате поубаво.
Седете исправено
Згрбавеното одење не само што естетски не се вклопува во околината, туку и од здравствени причини не е добро. Имено, таквиот начин на навикнување на телото не дозволува да вдишете доволно кислород, па со тоа одземате дел од енрегијата на телото. Додека сте седнати, внимавајте грбот да ви биде исправен.
Со вежбање до зголемена енергија
Вежбите го ослободуваат вашето тело и му даваат енергија. Наутро одвоете време за малку трчање и правете аеробик вежби кои ја зголемуваат енергијата, а вежбите за растегнување или јога правете ги во вечерните часови. Одвреме навреме станете од вашиот комјутер, размрдајте го телото, а кога ќе излезете надвор, пожелно е да возите велосипед или да пешачите.
Пијте магнезиум
Намаленото ниво на магнезиум предизвикува слаб имунитет, грчеви во мускулите, пореметување на работата на срцето, нервната раздразнетост и главоболка. За да го обезбедите своето тело со доволно количество на магнезиум, јадете овошје, семки, житарки и зеленчук.
Фото- Pexels
Коментарите се затворени