Влатко Миладиноски го промовираше својот најнов видео запис за песната „Се ми снема“ со музика и аранжман на неговиот брат, Златко Миладиноски и текст на Борче Нечовски, песна која пред публиката ја престави на „Валандово фолк фест 2012“.
Спотот е изработен во продукција на „Арт Студио“ низ прекрасните пејсажи на Маврово, Водно и дел во студио, а во спотот учествуваат и дел од момците на групата „Интермецо“.
Вака комплетно спакувана, со своите стихови, како и музичката и љубовна видео приказна, оваа песна со сигурност нема да ве остави рамнодушни.
Коментарите се затворени