Пријателства на далечина. Лена Трајковска

Секој од нас, особено ако е со долга меморија, има пријатели на кои се сеќава со нежност, луѓе кои му се на чекор до срцето, но реално- иљадници киломерти далеку. И покрај „паметни“ и какви се не телефони, физичкото присуство е незаменливо, иако ни се сменија размислувањата во времето на корона. Токму затоа: Колку и дали пријателствата издржуваат далечина и разделеност?
И денеска Лена Трајковска, хеорина на овој текст става „ленонки“, има широка насмевка а палавите кадрици се земенети со жар- црвена коса. Зрачи со магнетски привлечна енергија а повозрасните генерации, во 70- тите години на минатиот век ја паметат како една од најпопуларните пејачки во Македонија.


Лена, освен на Скопски, имаше забележливи настапи и надвор од границите – на Загребски, Опатиски, фестивал на млади во Суботица, и секаде беше официјално најмлад учесник.
Специфична по својот талент и имиџ ги испеа „Силно те љубам“ и „Носталгија“, песни кои, иако со примеси на џез, ширум и ги отвори вратите и во 90- тите, кога со куфер во една и ќерка и Лина, во другата рака, замина преку бара…Иако во Австралија живее од 1990 година, Лена Трајковска вели дека сеуште се чувствува како да е на долга турнеа.


– И таа мисла ја поткрепувам со носталгична желба дека многу брзо ќе заврши турнејата и дека во најскоро време ќе си дојдам дома да си ги видам и гушнам роднините и пријателите. Чувството е како никогаш да не сме се разделиле.
Благодарение на современата технологија со пријателите контактирам постојано, како никогаш да не сме се разделиле. Не велам дека тоа може да го замени контактот во живо, но јас си ги чувам спомените кои не дозволуваат да згасне приврзаноста.”

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!