Пријателства на далечина: Тања Станковиќ- Димовски
Секој од нас, особено ако е со долга меморија, има пријатели на кои се сеќава со нежност, луѓе кои му се на чекор до срцето, но реално- иљадници киломерти далеку.
Муабетот ми беше, телефонот не може да замени гушкање, повик во „ниедно време“, „ти реков ми рече“ муабети. И покрај „паметни“ и какви се не телефони, физичкото присуство е незаменливо, иако ни се сменија размислувањата во времето на корона. Токму затоа: Колку и дали пријателствата издржуваат далечина и разделеност?
Тања Станковиќ- Димовски со своето семејство цели 14 години живее и работи во Америка, поточно во Чикаго, што не ја намалува љубовта и поврзаноста кон овдешните, македонските корени.
„Што се однесува до пријателствата, добрите и искрените пријатели се доживотни и далечината не може да го смени тоа. Сепак, дистанцата, посебно кога ќе се додаде и времето, го прави своето- вели Тања.
„Сите ние се менуваме па така и нашите пријателства. Среќа е што можеме да контактираме преку интернет и така ги одржуваме пријателствата, но некоја разлика постои.
Некогаш човек ќе посака да ги види своите пријатели, тоа е некоја силна желба, а некогаш далечината го прави своето и некои пријателства помаку се ладат.
Сепак, блиските пријатели остануваат пријатели засекогаш, биле ние во комшии или на иљадници километри оддалеченост.“
Коментарите се затворени