6.8 C
Skopje
понеделник, март 24, 2025
spot_img

Промоција на два нови романа на авторката Кристина Краличин

Неодамна во Cafe Литература се одржа промоција на двата нови романи „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ од авторката Кристина Краличин.
Во една пријатна и релаксирана атмосфера промоторите проф. д-р Ермис Лафазановски и Билјана Црвенковска која е уредник на издавачката куќа „Чудна шума“, имаа свое излагање при што се говореше за структурата и содржината на самите романи, но и за едицијата од која тие се дел и којашто ќе следи во следниот неколкугодишен период. Делови од романите читаше актерката Дарја Ризова. Од страна на авторката Краличин пред присутните беше објаснето дека се работи за едиција од 14 романи кои меѓусебно се поврзани на еден специфичен и невообичаен начин. Нишката што ги поврзува тие романи лежи во самата содржина на романите, иако темите што се разработуваат се различни, како што се различни ликовите во романите, времето на настаните во кои се одвиваат дејствијата, како и локациите. Токму таа врзаност ја претставува целината на едицијата и е прва таква појава во книжевноста како во нашата држава така и во светски рамки.
Авторката Краличин истакна дека се работи за еден серијал што постепено ќе се разоткрива пред очите на читателите како крупен проект во кој нејзините ангажмани во пишувањето ќе бидат на врвно и завидно ниво. посакува да има многу повеќе време и слободен простор за пишување. Тоа е таа битка што редовно ја води додека пишува.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена