Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2021“

Интернационалниот фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 28 пат распишува конкурс за нови композиции, што ќе го имаат премиерното издание на 9, 10 и 11 септември на најубавата сцена на Балканот, Долни Сарај во Охрид.
Првите луѓе на фестивалот искрено се надеваат дека состојбата со пандемијата ќе се среди и дека ќе се вратиме на „старата нормалност“, што ќе се одвива во три фестивалски вечери: фолк, поп и интернационалната вечер.
Фолк- вечер ќе се случува на 9 септември и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори – од регионот и пошироко. Поп-вечерта е закажана за 10 септември, а финалната, Интернационалната вечер, за 11 септември 2021 година.

Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2021“ се:
* Да се испрати демо-снимка и текст на македонски јазик;
* Наслов на композицијата;
* Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Поп, Фолк, Интернационална);
* Композициите претходно да не бидат изведувани;
* Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации;

Годинава фестивалот става посебен акцент и дава голема подршка за дебитанти, новите музички сили, кои ќе имаат можност да настапат на 28-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во фолк и во поп вечерта. Демо-снимките од нивните композиции е потребно да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара.

Своите композиции авторите треба да ги испратат на следните електронски адреси: ohridfest.produkcija@gmail.com и grigorkoprov@yahoo.com

На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството, а рокот за поднесување на пријави е до 15 април 2021 година.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!