Сара Мејс со онлајн концерт по повод Светскиот ден на харфата

На 20 октомври годинава, по повод Светскиот ден на харфата, а во рамките на одбележувањето 300 години од создавањето на харфата, ќе се одржи онлајн концерт, каде што со свои настапи и дела ќе се претстават најдобрите харфисти од светот. Главната цел на овој настан е да се создаде плодна почва за културолошки дијалог преку уметноста, која е потсетник за мирот и единственото на сите држави.
Целта на овогодинешните изведувачи и композитори, е да си ги претстават своите земји преку вметнување на својата традиција во делата кои ги изведуваат и на тој начин да го запознаат светот со својот фолклор.
Претставник од Македонија ќе биде нашата харфистка, композитор и пеачка, Сара Мејс под покровителство на Okxsa projects Скопје.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!